ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ НА ИНСТИТУТОТ ЗАСТАПУВАЊЕ

  • Игор Камбовски

Abstract

Потребата од преземање правни работи и со помош на
некое друго лице постои во секое општество во кое постои барем и најмал
имотно-правен промет. Од структурата на општественото уредување, од
видот и развиеноста на неговата економија, како и од развиеноста на
правото и правната теорија зависи колкав е интензитетот на потребите
на општеството за застапување и на кој начин истото ќе биде изведено,
односно какви правни средства ќе ѝ служат на таа цел. Така, старите
примитивни права не познаваат преземање на правни работи за друг
преку застапувањето, иако економијата и правото во некои од тие антички
општества биле мошне развиени. Правата во тие општествени уредувања
развиле многу правни институти до завидно ниво и со некои од нив,
дури и со непроменета физиономија, се служи и современото право. Но,
институтот застапување не им бил познат!
Клучни зборови: застапување, правни работи, историски развој,
кодификации

Published
2019-04-27

Most read articles by the same author(s)