ЕЛЕКТРОНСКИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ И Е-ТРГОВИЈА

  • Игор Камбовски

Abstract

Од правна гледна точка, кај Електронската трговија особено е важно да се направи разлика меѓу поимите стока и услуга, дотолку повеќе што во одредени случаи правото развило различни правила за испорака на стоки, а сосема други за вршење на услуги. Исто така, информатичката технологија создала т.н. "дигитализирани стоки-меки производи" и со тоа уште повеќе е усложнето дефинирањето на поимите стока и услуга, односно разликите меѓу нив. Конкретно, ако станува збор за купување на музика или филм во дигитален формат, тие стоки можат да се испорачаат дематеријализирани преку интернет, но ако истите содржини се стават на компакт диск или друг медиум, тогаш станува збор за класична испорака на материјализирани предмети. Ова само по себе претставува правна дилема со оглед на фактот што правно не е исправно испораката на ист вид производ да се третира различно само поради разликата во поглед на медиумот на кој предметниот производ е испорачан.
Клучни зборови: дематеријализација, меки производи, трговија, правно уредување

Published
2023-08-17

Most read articles by the same author(s)