МЕЃУНАРОДНО ТРГОВСКО ЗАСТАПУВАЊЕ (ДОГОВОР ЗА МЕЃУНАРОДНО ТРГОВСКО ЗАСТАПУВАЊЕ)

  • Игор Камбовски

Abstract

Под терминот-договор за меѓународно трговско
застапништво се подразбира таков договор со кој едно лице, застапник,
трговски агент (the agent, l`agent d`affaires commerciales, l`agent
commercial, l`intermediare, händlungsagent) се обврзува дека во име и
за сметка на друго лице-властодавец (principall, representé) од друга
земја или домашен властодавец во друга земја, ќе склучи една или
повеќе трговски работи1. Исто така, меѓународниот договор за трговско
застапување е договор склучен меѓу физички или правни лица со
живеалиште, седиште или место на дејност во различни држави, каде
едната страна (застапникот) се обврзува да подготви и/или да склучи
трговски зделки од име и за сметка на другата страна (застапуваниот),
а за тоа да добие соодветна награда2. Ваквите дефиниции на договорот
за застапување се прифатени во поголем број европски правни системи,
со тоа што постојат значителни разлики за поимот во континенталното
и англосаксонското право. Така, civil law системите прават разлика меѓу
застапување и комисион, додека во common law системите ваква разлика
нема, со оглед на фактот што трговскиот агент е единствена форма на
делување за сметка на налогодавачот и тој е овластен за продажба на
стока, чување на стока во консигнација за продажба, купување на стока
и друго.
Клучни зборови: меѓународно застапување, договор, регулатива,
компаративен приказ

Published
2019-04-27

Most read articles by the same author(s)