ОДНОСОТ ПОМЕЃУ ПАТЕНТОТ, KNOW-HOW И ДОМИНАНТАТА ПОЛОЖБА ОД АСПЕКТ НА ЧЛЕН 102 ОД ДОГОВОРОТ ЗА ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА (ДФЕУ)
Abstract
Правата од индустриска сопственост, во кои спаѓаат
и патенот и know-how се ексклузивни права кои му овозможуваат на
нивниот сопственик да стекне одредена ексклузивна и доминантна
положба на одреден пазар во однос на конкурентите. Често пати ваквата
доминантна положба може да биде злоупоребена од сопственикот во
однос на конкурентите кои не поседуваат вакви права, или пак поседуваат
но недоволно успешно ги искористуваат. Со цел да се спречат можните
злоупотреби на ваквата положба, Европската унија разви посебен систем
на норми во рамки на правото на конкуренција. Истото од причина што,
правото на конкуренција на ЕУ не претставува цел само по себе, туку
правилата на конкуренција претставуваат средство за овозможување
на правилно функционирање на единствениот пазар и за ефективно
задоволување на потребите на потрошувачите. Овие правила во однос
на приватно-правните субјекти опфаќаат три сегменти: а) забрана за
рестриктивни договори и договорна пракса; б) забрана за злоупотреба
на доминантната положба и в) контрола на концентрациите. Во рамки
на овој труд ние ќе го разгледаме односот на патенотот и know-how во
однос на вториот сегмент кој се однесува на забрана на злоупотреба
на доминантната положба, за што одредби се содржани во член 102 од
Договорот за функционирање на Европската унија (ДФЕУ). Со цел
да дадеме попрегледна слика на сознанијата добиени од анализата
на овој сооднос, истите се системски поделени во два дела. Првиот
дел се однесува на анализа на соодносот помеѓу know-how, патентот и
сфаќањето на доминантната положба во рамки на ЕУ, додека вториот дел
се однесува на анализа на овие права и случаите кога постои злоупотреба
на доминантната положба во рамки на претходно споменатиот правен
систем.
Клучни зборови: патент, „кnow-how“, доминантна положба,
злоупотреба на доминантната положба, право на конкуренција, договор
за функционирање на Европската унија (ДФЕУ)