СТЕРЕОТИПИТЕ И ПРЕДРАСУДИТЕ КАКО ПРИЧИНА ЗА ДИСКРИМИНАТОРСКИТЕ ПРАКТИКИ

  • Жанета Попоска

Abstract

Овој труд ги разгледува стереотипите и предрасудите
за определена група во општеството како ограничувачки фактори на
индивидуалните избори на секој кој припаѓа на односната група кои
доведуваат до дискриминација, стигматизација, говор на омраза и во
крајна линија насилство мотивирано од пристрасност. Оваа анализа се
врши врз основа на судската пракса на Европскиот суд за човекови права.
Во таа насока, посебно место се отстапува на анализирањето
на судската пракса и наодите на Судот во врска со стереотипите врз
основа на пол и род, етничко и расно потекло, попреченост, статус на
ХИВ позитивни лица, сексуална ориентација и религија и уверување во
случаите на дискриминација.
Клучни зборови: антидискриминација, предрасуди, стереотипи,
судска пракса

Published
2019-04-27