КРИМИНАЛОТ ОД ОМРАЗА - ПРЕКУ ЛЕЌИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Abstract
Криминалот од омраза е форма на криминал кој
произлегува од пристрасноста или предрасудите на сторителот врз
основа на определена заштитена карактеристика на жртвата, вистински
или претпоставена, или поради поврзаноста на жртвата со лице со
заштитена карактеристика (по асоцијација). Овој труд преку судската
пракса на Европскиот суд за човекови права ги разгледува стереотипите
и предрасудите за определена група во општеството како ограничувачки
фактори на индивидуалните избори на секој кој припаѓа на односната
група кои доведуваат до дискриминација, стигматизација, говор на омраза
и во крајна линија насилство мотивирано од пристрасност.
Во таа насока, посебно место се отстапува на анализирањето
на судската пракса и наодите на Судот во врска со религиозните,
етничките и хомофобичните предрасуди, како и предрасудите врз основа
на попреченост кои се наоѓаат во основата на случаите на криминал од
омраза.
Клучни зборови: криминал од омраза, стереотипи, судска практика