КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ПРВАТА НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП КАКО АНТИДИСКРИМИНАЦИСКИ ИНСТРУМЕНТ

  • Жанета Попоска

Abstract

Во изминативе неколку декади, Организацијата на
обединетите нации посвети значително внимание на правата на лицата
со хендикеп креирајќи екстензивна правно-необврзувачка рамка.
Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп усвоена во 2006 година
е осмиот универзален правно-обврзувачки инструмент за правата на
човекот, првиот во новиот век, кој претставува и официјално признавање
на хендикепот како прашање на човековите права во меѓународната сфера.
Трудот ја анализира Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп,
нејзината хибридна природа, структура и суштина истакнувајќи ги
новелите во начинот на изработката на меѓународните инструменти за
правта на човекот, посебно член 33 со кој се предвидува обврската на
државите-членки за формирање или назначување на национален механизам
за набљудување на спроведувањето на Конвенцијата. Дополнителна
вредност е што овој труд ги анализира одредбите на Конвенцијата од
аспект на заштитата од дискриминацијата, притоа отсликувајќи го овој
меѓународен инструмент како антидискриминациски.
Клучни зборови: антидискриминација, меѓународна конвенција, Организација на обединети нации, хендикеп

Published
2019-04-27