УЛОГАТА НА ЕВРОПСКИОТ СУД НА ПРАВДАТА ПРИ КРЕИРАЊЕТО НА ОПШТИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЕВРОПСКИОТ ПРАВЕН ПОРЕДОК

  • Василка Салевска Трајкова

Abstract

Интеграцијата го усложнува формалното и материјалното
разбирање на Заедницата/Унијата. Ревидирањето и адаптирањето на
Договорите oд почетните 6 па до денешните 28 земји-членки драстично
ја менува процедурата на усогласување на правните системи помеѓу
членките и Унијата. Во мноштвото правни акти се појави потреба од
издвојување на оние одредби кои се од витално, суштинско значење во
ЕУ правото. Ова е со цел да се олесни дискрепанцата која неизбежно
се наметна како последица на различноста во правното резонирање на
големиот број членки.
Од истите причини, се појави потреба од постоење на морално-
етички вредности, кои со тек на време станаа spiritus movens на ЕУ,
основната честичка во јадрото на Унијата. Принципите се преименуваа
во вредности со што се истакна социјалниот момент на припадност –
вредност. Нормите сами по себе не се доволни бидејќи тие се цел сама
на себе, а принципите и вредностите се одраз на социјалната реалност.
Таков е примерот со идентитетот, кој претставува неизбежен елемент во
европската уставност.
Се зајакнува улогата на Европскиот суд на правдата кој од почетокот
на интеграцијата успеа да го наметне својот авторитет преку градење на
прецеденти, за подоцна да стане главна институција која ги „пополнува
правните празнини“ во примарното право на Унијата. Овој текст
обработува случаи кои играле пресудна улога во градењето на општите
принципи на ЕУ правото.
Клучни зборови: европска интеграција, уставност, уставен
поредок на ЕУ, Европски суд на правдата, принципи, човекови права

Published
2019-04-27