ВЛИЈАНИЕТО НА НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА ВРЗ ПОВРЕДАТА НА ПРАВАТА ОД ТРГОВСКАТА МАРКА
Abstract
Во трудот го разгледуваме прашањето за нелојалната
конкуренција и нејзиното влијание врз повреда на правата од трговска
марка. Авторот прави детална анализа на поимното определување на
овој институт и притоа укажува на врската меѓу заштитата на правата
од интелектуалната сопственост и заштитата од нелојална конкуренција.
Притоа одвоено ги разгледува прашањата околу поимот на ,,добри
деловни обичаи”, правичност и чесност истакнувајќи дека законодавецот
не е дециден при поимањето а кое прашање се јавува како суштествен
елемент при спречување на дејствија спротивни на чесната практика.
Потоа се задржува на прашањето околу правната заштита поради сторен
акт на нелојална конкуренција кај повреда на права од трговска марка.
Следејќи ги наведените анализи, авторот истакнува дека обезбедувањето
на слободна конкуренција на домашниот пазар е поради поттикнување
на економската ефикасност и благосостојба на потрошувачите, но
пред се и можноста за заштита од забранети однесувања на пазарот.
Конечно, каде што има конкуренција се случува и дејство на нелојална
конкуренција.
Клучни зборови: нелојална конкуренција, добри деловни обичаи,
трговска марка, правна заштита итн.