ВИДОВИ НА ДОБРО ПОЗНАТИ ТРГОВСКИ МАРКИ ВО КОМАРАТИВНО ПРАВО

  • Милица Шутова
  • Љубиша Стефановски

Abstract

Предмет на проучување и истражување во овој труд е значењето и суштината на видовите на добро познатите трговски марки и влијанието на релевантната јавност како клучен фактор во случај на повреда на правата од трговската марка.
Најнапред даден е приказ на значењето и улогата на добро познатите трговски марки како права од индустриска сопственост. Посебно внимание е посветено на видовите на добро познатите трговски марки, како и субјектите, односно лицата кои можат да се јават како носители на тие права. Понатаму авторите прави компаративна анализа и на методите на утврдување на познатоста во разни земји и преку примери од практика (вештачење), детално објаснуваат дел од методите кои се применуваат за утврдување на познатост при злоупотреба на право.
Имено, целта на овој труд е да се разгрничи третманот на правната заштита, како и да се приложи подлабичена анализа на моралните овластувања кои му се признаваат на носителот конкретно на добро познатите трговски марки како и можностите за остварување на економските вредности од истите.
Клучни зборови: добро познати трговски марки, релевантна јавност, правна заштита

Published
2023-08-21