ПРАВНОТО ДЕЈСТВО НА ОДЛУКАТА ПО ПРЕТХОДНОТО ПРАШАЊЕ ВО СУДСКИТЕ ПОСТАПКИ

  • Милица Шутова

Abstract

Во сферата на граѓанско-процесната материја, проблематиката за „претходно
прашање“ претставува една од најкомплексните подрачја на истражување. Ова сознание
претставува предизвик да се проучува овој институт преку процесната литература и практика.
Целта на ова истражување ни беше да утврдиме како Законот за парнична постапка се применува
во практиката, односно како судовите најчесто го решаваат претходното прашање и дали таквото
решение значи правилна примена на законот или злоупотреба на алтернативата којашто законот
му ја дава на судот за решавање на истото. Главното прашање кое е предмет на анализа е
правното дејство на одлуката по предходното прашање во судските одлуки како и колку судовите
практикуваат прекин на процесот, а колку често одлучуваат да заземат став во тековната парница
во однос на претходното прашање?! Правилната примена на овој институт зависи од стручноста
и компетентноста како предуслови за правилното решавање на бројни други процесни прашања
помеѓу кои своето место го наоѓа и претходното прашање. Од една страна, вака поставената
анализа ќе биде од корист да се утврдат предностите и слабостите на примена на овој институт
преку судската пракса. Од друга страна, иако праксата укажува дека најчесто судовите ја користат
алтернативата на прекин на постапката, ќе може да се утврди дали законската можност за втората
алтернатива (заземање на став по претходно прашање во постапката) не го губи своето значење.
Клучни зборови: претходно прашање, пресуда, тужби, правна дејство.

Published
2022-02-04