УЛОГАТА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПРОЦЕНАТА НА ВЛИЈАНИЕТО И ОЦЕНКАТА НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА РЕГУЛАТИВАТА
Abstract
Собранието, преку своите капацитети треба да се интегрира во процесот на
претходна проценка на влијанието на регулативата (ПВР), изготвување, следење и ex-post
евалуацијата на примената на законските и другите прописи. Исто така, Собранието треба да се
интерферира со примената на Методологијата за ПВР, особено во фазата на оценка на
спроведувањето.
Потребно е да се димензионираат механизмите и методите за активна улога на
Собранието, но и на граѓаните, целните групи и засегнатите страни на кои се однесува
регулативата, во сите фази на законодавниот процес и во процесот на оцена на имплементацијата.
Покрај клучното учество во фазата на донесување на законот во парламентот (јавни расправи),
да се обезбеди следење и учество во креирање на законот во неговата најрана фаза кога законот
се иницира и конципира во извршната власт и на крајот во завршната фаза кога ќе се оценува
регулативата, процесно, како резултат и/или како влијание од спроведена регулатива.
Собранието со надзорните расправи, согласно политичките оценки на пратениците, може да
врши двојна функција, на надзор на институциите задолжени за оцена и самото да изврши
политичка оцена, притоа земајќи ги во предвид сите доставени податоци и анализи. Значајна е
транспарентноста, културата на промени и културата на отвореност на Собранието.
Неоправдано отсуствуваат ефикасни механизми за соработка на Владата со Собранието,
кои би овозможиле усогласеност во планирањето на законодавната програма, единствени
правила и стандарди на квалитет во законодавниот процес, како и хоризонтална поврзаност и
конзистентност на правниот систем. Невладиниот сектор може да даде свој придонес и преку
нормативно регулирање на неговата вклученост.
Клучни зборови: оценка на спроведувањето на регулативата, законодавна постапка, методологија, учество на граѓани, парламентарен надзор, култура на промени