ГЕНЕЗАТА НА ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА БАЗИТЕ НА ПОДАТОЦИ ВО САД, ЕУ И МАКЕДОНСКОТО ЗАКОНОДАВСТВО
Abstract
Глобалниот тренд на дигитализација на општествата води кон појава на нова
моќна алатка- моќта на податоците, односно на базите на податоци. Со оглед на зголемувањето на
меѓународната трговија и глобалниот дострел на Интернетот, пожелно е да се има хармонизирана
политика за повторна употреба на базите на податоци во сите јурисдикции низ целиот свет.
Можеби американскиот пристап е пофлексибилен за дозволено извлекување и користење на
базите на податоци во функција на слободниот пристап и отвореност на податоците воопшто.
Но, во тој случај како би се мотивирале изготвувачите на базите ако нивниот вложен труд не
е под правна заштита. Од друга страна пак, суи генерис правото може да се доведе до апсурд
со можноста преку постојано ажурирање на базата на податоци да се обезбеди нејзина вечна
заштита. Овие дилеми отвораат широки области на толкување и истражување. Во таа насока,
анализата на постоечките законски решенија, толкувањето на нивната ефикасност и ефективност,
како и генезата на правната заштита на базите на податоци со условите кои придонеле за таквиот
еволутивен тек и развој, се основа за појасно претставување на потребата од меѓународно
усогласена правна заштита на базите на податоци.