АНАЛИЗА НА МОЖНОСТА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ СО ЕДНО ЕВРО ОСНОВНА ГЛАВНИНА ВРЗ ОСНОВА НА ГЕРМАНСКИОТ МОДЕЛ
Abstract
Во рамките на трудот, авторите правата анализа на новопредложените измени
на Законот за трговските друштва во поглед на воведување на можноста за основање на друштво
со ограничена одговорност со основна главнина од едно евро. Притоа, авторите се осврнуваат
на германското решение, каде во 2008 година се воведува исто така можноста за основање на
друштво со ограничена одговорност со минимална основна главнина од едно евро. Ваквото
решение подоцна се презема и во Хрватска. Сите овие трендови се мотивирани од британското
решение за основање на друштво со основна главнина од една фунта.