СОСТОЈБИТЕ И ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА ПРАВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА
Abstract
Прашањето за застапеноста на правните предмети во средното образование се наметнува
врз основа на визијата и потребата од едно современо образование, како и од неопходноста
од постоењето на граѓанско општество во кое централното место му припаѓа на граѓанинот и
неговите слободи и права загарантирани со Уставот, и во кое треба да се приоритети демократијата,
владеењето на правото и правната држава.
Дали статусот на правните предмети во средното образование во нашите училишта е на
задоволително ниво?