КОНТЕКСТОТ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА МУЗИЧКО ДОЖИВУВАЊЕ
Abstract
Динамичното секојдневие и бурата од обврски го задолжуваат човекот да трча по времето. Во сета таа брканица, спонтаноста стана преценета. Оттаму и желбата да се оствари врска со уметноста е во голeма мера зависна од она малку слободно време кое човекот е подготвен да го одвои за ваква „авантура“. Зошто човекот, наместо да турка напред и со слободен дух да посегнува по она што денес е лесно достапно со помош на технологијата, е заглавен во конвенционалните правила, па во уметноста гледа средство за смирување и релаксација. Во текот на еден ден, човекот има бескрајни можности да оствари барем една врска со било каква форма на изразување која задоволува одредени естетски критериуми. Сепак, воочлива е потребата од шаблон за следење на еден музички концерт, на пример. Прецизно време, место, програма, начин на однесување, па дури и начин на облекување значи наредба до слушателот која вели: ,,Сега можеш да забележуваш уметност!“
Клучни зборови: слободно време, уметност, музичко доживување.