АНДРОЦЕНТРИЧНИОТ ГЛАС ВО ДРАМАТА НА ЏОН ОЗБОРН „ОБЅРНИ СЕ ВО ГНЕВ“

  • Kristina Kostova
  • Natalija Pop Zarieva
  • Dragan Donev
  • Krste Iliev
  • Marija Krsteva

Abstract

Поимот „глас“ упатува на стојалиштето на авторот, но исто така и на
ставовите и случувањата кои се прикажани преку ликовите и текот на драмското
дејство. Во овој труд ќе се обидеме накратко да дадеме преглед на гласот на текстот на
драмата Обѕрни се во гнев на Џон Озборн. Притоа ќе биде анализирана
андроцентричната димензија на гласот на текстот, со детален опис на
андроцентричноста како литературен и општествен концепт во кој машките
перспективи и искуства се ставени на пиедестал, додека женските перспективи и
искуства се целосно игнорирани. Ќе бидат објаснети поимите „драма покрај кујнскиот
мијалник“, „гневни млади мажи“ и „порноглосија“. Ќе бидат презентирани неколку
извадоци од драмата кои ја потврдуваат андроцентричната природа на гласот на
текстот. Ќе се фокусираме на начините на прикажување на секојдневието и особено на
одвивањето на драмското дејство и неговата завршница во релација со гласот на
текстот.

Published
2019-11-28

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 4 5 > >>