ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА КОМБИНИРАНА НАСТАВА КАЈ СТУДЕНТИТЕ ЗА УЧЕЊЕ АНГЛИСКИ КАКО СТРАНСКИ ЈАЗИК ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Abstract
Од неодамна високото образование потроши многу напор да одговори
на брзите технолошки иновации во предавањето и учењето на англискиот како
странски јазик. Во модерните универзитети со појавата на технологијата се поттикнува
интересот за комбинираната настава. Во изминатите неколку години се зголеми бројот
на студии кој го проучуваат прашањето за интегрираното образование со цел 1. Како да
се интегрира современата технологија и медиа во конвенционалната (традиционална)
училница и 2. Каков вид на педагогија би примениле професорите при употреба
на современата технологија, фронтална настава (face-to-face) или пак примена на
компјутерска технологија во компјутерска училница.
Целта на овој труд е да ја истражи мотивираноста на студентите од примената на
комбинираното учење во наставата по англиски јазик, кое за разлика од традиционалното,
претставува самонасочено учење (автономно, индивидуално, самостојно). Резултатите
се добиени од анкетата спроведена со 50 студенти од (Правен факултет, Факултет за
современи општествени науки и Факултет за јазици, култури и комуникација, оддел
Меѓународни комуникации) кои ја посетуваа наставата по Англиски јазик за специфични
потреби и целта беше да се увиди мотивираноста од користењето на електронски алатки
за дебати, дискусии и развој на критичко-мисловните способности на студентите преку
употребата на дигиталниот софтвер Гугл класрум кој се користи на Универзитетот на
Југоисточна Европа.