ЕФЕКТИВНОСТ, МОТИВАЦИЈА И УЛОГАТА НА УЧЕНИЦИТЕ ВО КОМБИНИРАНОТО УЧЕЊЕ

  • Neda Radosavlevik

Abstract

Комбинираното учење претставува составен дел на наставата при
изучување на англискиот како странски јазик во многу високообразовни институции.
Активната настава вклучува директна вклученост на ученикот, како и стекнување
знаења преку интеракција со наставникот и другите ученици. Поимот „blended learning“
потекнува од зборот „blend“ што означува „смеса, комбинација“, комбинирање на
традиционалниот модел на фронтална настава со современиот начин на учење јазик,
односно со примена на технологии. Активната настава овозможува користење на
компјутерот во училница како наставно средство со огромен потенцијал како извор на
многу информации.
Компјутерот претставува и универзален систем за изведување на наставата со
подигнување на квалитетот, како и мотивирање на студентите за побрзо и поквалитетно
учење. Со воведувањето на компјутерскиот систем во високото образование, ќе им
се овозможи на студентите настава која ќе биде приспособена на индивидуалните
интереси и потреби на студентите. Користејќи го образовниот софтвер студентите ќе се
стимулираат да стекнат поширок опсег знаења и пред сѐ когнитивни, емоционални и
социјални вештини кои ќе го подобрат квалитетот на нивното знаење.

Published
2023-12-20