Курсевите за странски јазици како фактор за продолжување на туристичката сезона

Authors

  • Dejan Metodijeski
  • Kostadin Golakov

Abstract

Многу земји во светот се соочуваат со сезонското работење во туризмот и преку своите туристички политики креираат најразлични практики за да ја продолжат сезоната. Предмет на овој труд е сезонското работење во туризмот и организирањето на курсеви за странски јазици како еден од главните фактори за продолжување на сезоната. Во текстот е посочен примерот на Малта, која успешно развива ваков вид на едукативен туризам. Во оваа земја постојат над 40 училишта за изучување на англиски јазик кои се здружени во  Федерација и предлагаат најразлични видови на курсеви. Во заклучниот дел од трудот, направени се препораки како би можеле вакви курсеви за изучување на странски јазици да бидат организирани и понудени на странските туристи во посета на Република Македонија.

Downloads

Published

2015-06-29

Most read articles by the same author(s)