Каков наставник всушност сакаме

Authors

  • Snezana Kirova

Abstract

Образованието  на наставниците се продолжува со идеите за напредок кои треба да се реализираат - мотив кој ја следи педагошката рефлексија од античките почетоци. Прашање е и колку се разликува педагошкото мислење за прогресот од вкупниот општествен дискурс. Колку сме ние како педагошки работници заточеници на парадигмата дека во образованието е можно да се оствари еден проект само доколку постојат соодветни општествени претпоставки, општествен систем, општествени односи. Дали и денес за училиштето важи мислата дека тоа е повеќе производ на општеството отколку двигател на општествениот напредок? Неспорно е дека промислувањето на овие идеи или освестувањето во однос на процесот на образованието на наставниците може да придонесе кон препознавањето, зајакнувањето и ослободувањето на нивните потенцијални можности со истакнувањето на почетната премиса дека образованието е многу повеќе од само школувањето и професионалното оспособување.

Downloads

Published

2014-02-10

Most read articles by the same author(s)