Злобната жена во македонските народни семејни песни и во македонската народна балада

  • Jovanka Denkova
  • Mahmut Celik

Abstract

Во македонската народна поезија ликот на жената е најзастапен во однос на другите ликови. Најчесто, жената е прикажана во позитивна улога. Меѓутоа, има и примери во кои доаѓа до израз нејзината мрачна страна. Притоа, се издвојуваат семејните лирски песни и баладите за лични и семeјни односи, во кои најчест мрачен лик на жена е ликот налошата маќеа, сестрата-убиец на својот брат или сестра, мајката-убиец итн.Најимпресивен лик на сестрата како убиец на својата сестра заради нејзината незаконска љубов кон мажот на сестрата е ликот на бездушната Неда, која освен што ја убива сопствената сестра, прави многу бездушни постапки настојувајќи да ги усмрти двете сирачиња кои се постојано потсетување на нејзиното злосторство. Со тоа, Неда се пројавува како најчудовишниот и најбездушниот женски мрачен лик од овој тип вомакедонската народна поезија. Сестрата се јавува и како убиец на својот брат во случаите кога тој ја попречува нејзината врска со момчето кое го сака, па сестрата по совет на саканиот, го усмртува својот брат со труење.Од сите најгрозоморен е ликот на мајката-чедоморка, мајката-убиец на своето чедо кое се јавува како реална пречка за остварување на нејзината страсна врска со друг маж.

Во македонските народни балади се издвојува и ликот на свекрвата како убиец на својата снаа. Понекогаш, откако со клевети не успеала да ја реализира својата цел и да го натера синот да ја убие снаата, свекрвата прибегнува кон последното, монструозно решение и самата крева рака на неа. Потоа, таа е сведок на самоубиството на својот син со што станува и негов индиректен убиец.Понекогаш и золвите се покажуваат како убијцина својата снаа. Ваквото злосторство најчесто е мотивирано од големата љубов на браќата кон единствената сестра. И јатрвите се пројавуваат како убијци на најмалата јатрва. Убиството обично е мотивирано од големата убавина на јатрвата, заради што тие ѝ се љубоморни, а го реализираат со труење.

References

Китевски М. (2000): Македонска народна лирика, Институт за македонска литература, Скопје, Култура.

Пенушлиски К. (1973): Трудови, семејни, хумористични песни, избор и редакција Кирил Пенушлиски, Скопје, Предговор.

Пенушлиски К. (1981): Македонскиот фолклор, Мисла, Скопје.

Попова Ф. (1990): Македонската народна балада, Наша книга, Скопје.

Саздов Т. (1997): Усна народна книжевност, Детска радост, Скопје.

Саздов Т. (1989): Жената во македонската народна книжевност, Мисирков, Битола.

Published
2013-04-12

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>