Говорот на омразата и нетолеранцијата во македонската литература за деца и млади

Authors

  • Jovanka Denkova
  • Violeta Dimova

Abstract

Современиот начин на живеење, како и многуте општествено-политички и економски прилики во изминатите неколку децении во нашата држава, донесоа многу турбулентни времиња за младите генерации. Младите луѓе, адолесцентите, на свои плеќи го почувствуваа напливот на новото од Запад, но и згаснувањето на традицијата. Многу од нив се обидоа да се пронајдат себеси и да ја бараат смислата на своето постоење, како и одговори на многу прашања кои ги измачуваат надвор од семејството, на неизвесните крстопати на улицата и животот. Барајќи начин посилно да се експонираат себеси, во нивниот секојдневен говор се почувствува влијанието на преку зборови со погрдно значење, а тоа најде свој одраз и во литературниот збор посветен на нив.

Downloads

Published

2013-04-12

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>