Говорот на омразата и нетолеранцијата во македонската литература за деца и млади

  • Jovanka Denkova
  • Violeta Dimova

Abstract

Современиот начин на живеење, како и многуте општествено-политички и економски прилики во изминатите неколку децении во нашата држава, донесоа многу турбулентни времиња за младите генерации. Младите луѓе, адолесцентите, на свои плеќи го почувствуваа напливот на новото од Запад, но и згаснувањето на традицијата. Многу од нив се обидоа да се пронајдат себеси и да ја бараат смислата на своето постоење, како и одговори на многу прашања кои ги измачуваат надвор од семејството, на неизвесните крстопати на улицата и животот. Барајќи начин посилно да се експонираат себеси, во нивниот секојдневен говор се почувствува влијанието на преку зборови со погрдно значење, а тоа најде свој одраз и во литературниот збор посветен на нив.

References

Атанасовски М. (1987): Куќичката со бела шамија, Детска радост, Скопје.

Бојаџиски Б. (1967): Чекори што не можеа да запрат (Пусти желби), Детска радост, Скопје.

Друговац М. (1996): Македонската книжевност за деца и младина, Детска радост, Скопје.

Јованова-Грујовска Е. (2002): Валоризација на колоквијализмите во македонската јазична средина, Институт за македонски јазик „КрстеМисирков“, Скопје

Јовчески Р. (1993): Кула од копнежи, Детска радост, Скопје.

Китанов Б. (2007): Литература за деца, Педагошки факултет „Гоце Делчев“, Штип.

Китанов Б., Марјановиќ В. (2007): Литература за деца и млади, кн.2, Педагошки факултет Гоце Делчев“, Штип.

Манчев В. (1988): Инакво лице, Детска радост, Скопје.

Мисиркова Руменова К. (1987): Скалила, Детска радост, Скопје.

Подгорец В. (2001): Белото Циганче, Култура, Скопје.

Поповски А. (1985): Летувалците од Славино, Наша книга, Скопје.

Поповски Г. (2001): Заборавениот колосек, Детска радост, Скопје.

Симски С. (1993): Ѕвездена порта, Детска радост, Скопје.

Смаќоски Б. (2001): Големи и мали, Култура, Скопје.

Стрезовски Ј. (1992): Прва љубов, Детска радост, Скопје.

Тоциновски В. (2001): Ден потоа, Детска радост, Скопје.

Published
2013-04-12