Предговор

  • Violeta Dimova

Abstract

Филолошкиот факултет, како дел од интегрираниот Универзитет „ГоцеДелчев“ во Штип, ја бележи втората година од своето постоење. Започнавмесо работа на 1 ноември 2008 година, со голем ентузијазам и желба дауспееме да придонесеме за унапредување на високообразовните процесиво Република Македонија, што подразбира усогласување со Европскиоткредит-трансфер систем и примена на современи научноистражувачкии наставни методи што, пак, од своја страна е гаранција за квалитетнообразование на нашите сегашни и идни студенти. И покрај просторните икадровските проблеми со кои се судруваме како нов Факултет, работимесо полна пареа, а за сите нас студентот е во центарот на вниманието и насите збиднувања. Дека формирањето на уште еден факултет, во рамките надржавниот Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, како што е Филолошкиот,е сосема оправдан потег, зборува и фактот дека постои огромен интересза запишување на сите пет студиски програми и тоа: Македонски јазик икнижевност, Англиски јазик и книжевност, Германски јазик и книжевност,Италијански јазик и книжевност и Турски јазик и книжевност. Филолошкиотфакултет, со своите насоки – наставната и преведувачката, претставуварасадник на нашите идни наставници, оспособени за изведување современанастава во основното и во средното образование, како и оние кои со своетопознавање на странските јазици ќе бидат широко отворен прозорец консветот.
Published
2015-06-29