Етичките вредности во бајките од браќата Грим
Abstract
И ден денес се прашуваме во што точно се наоѓа тајната на убавината на бајките, приказните и митовите, собрани и испечатени од страна на браќата Грим. Што тоа, што секогаш ги прави интересни за читање, како за младите читатели така и за повозрасните? Денеска, кога живееме во време на изгубени хумани вредности, дури и кај најмладите жители на планетава Земја, она што ни недостасува на сите е, во таа постојана борба меѓу доброто и злото, да победи доброто, етичкото, праведното, како врвна категорија на убавината на постоењето. И покрај модерниот и секако брз начин на живеење, како и револуционерниот напредок на сите научни и техничко-технолошки полиња, сепак, целта од највисок ранг е да се придржуваме кон основните етички принципи. Сметам дека овие основни морални вредности се длабоко врежани во бајките во изданието ,,Детски и семејни бајки’’ на браќата Грим.