Втор странски јазик во современото образование – аспекти и услови за негово изучување

Authors

  • Violeta Dimova
  • Gordana Nikolovska

Abstract

Во овој текст се обработува прашањето  за учењето втор странски јазик и за аспектите и условите кои произлегуваат од потребата за негово изучување.  Денес во училиштата се користат различни методи  за изучување на втор странски јазик. Дали се успешни тие методи или не се, зависи пред сè од компетенциите на наставникот, како и од учениците и од нивната ефикасност. За да биде успешен еден час, треба да биде добро испланиран. Исто така, особено важен елемент при изучувањето втор странски јазик е мотивацијата. Секој професор треба да знае како да ги мотивира учениците за да бидат заинтересирани и посебно мотивирани, со оглед на оптовареноста на училишните содржини за учење втор странски јазик. За да постигне успех и да има ефективни резултати, неопходно е претходно да го истражиме нивото на знаење на учениците, во врска со вториот странски јазик.

Клучни зборови: втор странски јазик, методи, предавање, мотивација, знаење.

Downloads

Published

2014-02-13

Most read articles by the same author(s)