ОБРАЗОВАНИЕ И ПРАКТИКА. УЛОГАТА, СТАВОВИТЕ И ЗАДАЧИТЕ НА НАСТАВНИКОТ ВО НАСТАВНИОТ ПРОЦЕС

  • Марина Димитриева-Ѓорѓиевска

Abstract

Овој текст се занимава со неколку прашања во однос на наставата и значењето на наставникот во реализирањето на добрите практики. На кои основни елементи треба наставникот да обрне внимание за време на своите часови, како да се подготвува и што освен содржината која ја обработува треба да испланира. Свесноста на наставникот за развојниот период на учениците за кои ја изведува наставата, неговиот индивидуален пристап кон секој ученик во училницата придонесува за успешност на настаниот процес. Со еднаква важност е изборот на видовите активности, соодветните методи и форми како и техники кои наставникот ќе ги користи во реализацијата на наставата, соодветното
поставување на проблемските и сите други видови задачи со кои ќе поттикнува процес на мислење преку интеракција. Условите во кои наставникот ја изведува наставата исто така, директно влијаат на неа. Наставникот законски, професионално и етички е одговорен кон своите ученици во однос на постојаното свое усовршување и тоа во однос на: педагошките компетенции како и во однос на научната област која ја предава. Да се предава значи да се знаат етичките и интелектуалните одговорности на наставниците за практиката да биде успешна. Доколку се исполнуваат горенаведените елементи наставниот процес ќе се одвива така што целите од наставните програми ќе се реализираат
потполно, а учениците имплицитно ќе бидат свесни за основното значење на концептот за доживотно учење.

Published
2019-01-28