СИМБОЛИКАТА НА РОЗАТА ВО РИМСКИТЕ ПРАЗНИЦИ И ПОГРЕБНИТЕ ОБИЧАИ И ВО МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА ТРАДИЦИЈА

  • Лидија Ковачева

Abstract

Импактот на методолошките истражувања на овој труд е восприемањето на розата како цвет кој луѓето од далечното минато го обожувале, па оттаму бележи континуитет од античкиот период до денешното современо општество како обврзен дел од пролетните празници и погребните обичаи. Розата била најомилен декоративен елемент во фунералната уметност во римскиот период и на италската и на македонската територија; цветот на розата во Рим се поврзувал со празникот посветен на покојниците Духови, од каде подоцна е изведен поимот русалки кои во руската народна традиција ги означуваат душите на девојките починати пред свадба; во македонската народна традиција се смета за дар на покојникот при неговото заминување на „оној“ свет; во христијанската иконографија претставува симбол на Исусовите рани, а со тоа и симбол на воскресението и бесмртноста. Оттаму, целта на овој труд е да се прикаже континуитет во религиозните восприемања на розата, високо респектирана од култно религиозен аспект, која едновремено ги симболизирала краткотрајноста и минливоста на животот, но и радоста во рајот.

Published
2019-01-29