ФОРМАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ПРОФЕСИОНАЛНОТО РАБОТЕЊЕ
Abstract
Формалното образование претставува процес на организирано учење со цел развој на различни конгнитивни способности како и стекнати различни видови вештини, знаење и навики за читање, пишување, пресметување или општо знаење за општественото окружување. Како долгорочен процес кој започнува од предучилишно образование до
постдипломско образование, формалниот систем на образование претставува еден од најважните сегменти во секоја национална економија кој има долгорочно влијание на вкупниот општествено-економски систем. Предмет на истражување во овј труд е фокусиран на согледување на системот на формално образование во Република Македонија,
конкретно формалното образование за претприемништвото. Во теоретскиот пристап на трудот ќе биде даден теоретски приказ и објаснување на законската регулатива за формално образование во Република Македонија, законската обврска и реалната потреба од формално образование и неформалниот систем на образование во Република Македонија.
Практичниот дел од трудот ќе биде насочен кон согледување на реалната состојба и корелацијата помеѓу формалното образование и изборот на професијата и вработувањето односно професионалното работење во областа на малиот бизнис, и согледување на потребата од соработка помеѓу високообразовните институции и претпријатијата во Република Македонија. Во таа насока ќе биде спроведено практично истражување со користење на методот на анкетен прашалник.
Во заклучокот од трудот ќе биде даден приказ на заклучоците добиени од спроведеното истражување а исто така ќе бидат дадени и препораки со цел унапредување на тековната состојба и искористување на позитивните аспекти од формалното образование.