ЗАСТАПЕНОСТА НА ВЕШТИНАТА ЗБОРУВАЊЕ ВО УЧЕБНИЦИТЕ ПО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК

  • Марица Тасевска
  • Милкица Миленкоска

Abstract

Зборувањето како една од четирите јазични вештини својот подем го достигнува во 19 век со појавата на директниот метод. Од тоа време па сè до денес претставува предмет на истражување на многу методичари ширум светот, со цел да се изнајдат најдобрите методи и техники со кои ќе се поттикне вештината зборување. Сведоци сме на потешкотиите и препреките при зборувањето на голем број ученици кои го изучуваат германскиот јазик осум години, што е доволен временски период за да може еден ученик да се впушти во слободна комуникација и притоа да биде разбран од соговорникот. Се отвора прашањето дали можеби не се почитуваат европските нормативи за учење на
странски јазик или проблемот се јавува во самиот наставен процес каде што сѐ повеќе се нагласува значењето на граматичките правила на еден јазик, а се запоставуваат сите други вештини, кои се од клучно значење за усвојување на еден јазик во целост. Во овој труд, преку анализа на вежбите за зборување во учебникот кој се користи во средното гимназиско образование, кој според Piepho претставува доминантна варијабла во наставниот процес (1976:46), се утврдува фактичката состојба на вештината зборување во наставата по германски јазик и се дискутира за важноста на оваа вештина во процесот на комуникација, со цел нејзино имплементирање во наставниот процес.

Published
2019-01-30