The European Allies of Troy and the liminal zones of identity in Archaic and Classical Greece

  • Ljuben Tevdovski Faculty of educational sciences

Abstract

Илијадата и раната класична литература поврзана со или надоградувана врз наративите на Тројанската војна претставувале инспирација за конструирање, реконструирање и рекогностицирање на идентитетите во античка Грција, античкиот Медитеран и ширум светот со милениуми.

Речиси сите значајни истражувања на класичната епоха во модерноста започнувале со оваа уникатна митско-епска конфронтација. За нејзиното датирање, структура и содржија се дебатирало долго, а веројатно уште долго ќе се анализира. Сепак, истражувачите се во огромно мгозинство сигурно во едно нешто. Илијадата ни открива важни елементи на историското, етнолошкото, религиозното, културното и материјалното наследство врз кое се создавал класичниот свет, најмалку еден век пред за него да чуеме низ призмата на таткото на историјата Херодот.

Класицистичката и евроцентрична научна традиција неретко го форматирала стереотипно ова дело, во рамките на епохалниот, „повторлив“ и „неизбежен“ судир помеѓу Истокот и Западот, или помеѓу митските предци на Европјаните, Грците, и варварските народи на Ориентот. Сепак, ова значајно дело крие во себе многу покомплексен мозаик од елементи на религиозното, културното, материјалното и идентитетското, од она што неретко било употребено или злоупотребено за потребите на модерните идентитети и себелегитимирање.   

Во рамките на современите научни парадигми за повеќеслојната, трансформативна и неретко латентна природа на идентитетите, во антиката и сегашноста, наративите на Илијадата ги надминуваат стереотипите на деветнаесетвековната Источно-западна дихотомија, говорејќи ни за процеси на постојано преосмислување и преосознавање. Токму по ваква патека трга и овој труд. Анализирајќи ги европските сојузници на Троја, тој суштински ја дисторзира традиционално вертикализираната оска на оваа митологизирана конфронтација. Спротивно од традиционалниот пристап, анализите на овој труд преку европските сојузници на Троја, како и нивните идентитетски латентни соседи, прават суштинска реконструкција на изградбата на идентитетите во архајската и класичната епоха.

Трудот исцртува нови или преоткриени физички, геополитички, религиозни, културни и пред се идентитетски граници на античкиот свет, кои се флексибилни, меѓусебно поврзани во постојан дијалог и постојано преосмислувани за потребите на локалните и регионалните елити.

Најпосле, преку современите теории за идентитетите и културните трансформации, тој исцртува нови комплексни линии на географските и идеолошките зони на лиминалноста на идентитетите на архајскиот и класичниот свет.

 

Клучни зборови:

Илијада, сојузници на Троја, класична Грција, лиминалност, идентитети.

Veröffentlicht
2024-02-13
Rubrik
Articles

Am häufigsten gelesenen Artikel dieser/dieses Autor/in