An Alternative Imperial Entity of Something Completely Different?

Towards the Idea of Existence of a Constant Bulgarian Imperial Community in the Balkans (X-XIV c.)

  • Stojko Stojkov

Abstract

Дел од силното влијание од империјата на Новиот Рим на Балканот се стремежите за создавање држави по византиски урнек, вклучително создавање на алтернативни империјални структури, чии лидери или се стремеле да достигнат до единствената вистинска царска титула – ромејската, или поради невозможност - создаваат своја верзија на империјата во териториите што ги контролирале. Основната империјална алтернатива се јавуваат бугарските царства на Балканот. Паралелно на нивната етничка интерпретација во науката постои разбирањето на истите како мултиетничка и над-етничка империјална заедница. Ова статија ја истражува последната интерпретација и се обидува да даде одговор на прашањата дали постоела таква заедница, дали постоела во целиот период, дали е една или се во прашање неколку и какви се односите меѓу нив.

Заклучокот до кој се доаѓа е дека не постоела една мултиетничка и над-етничка бугарска империјална заедница и традиција низ средниот век. Се до XIII в. со поимот Бугари се нарекувани различни народи и со него се (само)именувале луѓе од различни етноси, но не е забележано разбирање дека тие сите сочинуваат нешто цело, ниту има знаци за постоење на солидарност и меѓусебно признавање како припадници кон таква заедница. Идеи за постоење на бугарски мултиетнички заедници се појавуваат дури во XIII в. и тоа во две меѓусебно ексклузивни варијанти. Така не е во прашање мултиетничка империјална заедница пандан на ромејската, туку хетерогена појава – сочинета од различни обиди за легитимација и создавање држави и цркви, и поврзани со нив елити, династии, политички центри, територии, што довело до различни разбирања за значењето на поимот Бугари, како место на живеење, потекло, етничка припадност и состав. Врската меѓу таквите алтернативни обиди за царска легитимација на Балканот била единствено бугарската царска титула.

Veröffentlicht
2024-03-22
Rubrik
Articles

Am häufigsten gelesenen Artikel dieser/dieses Autor/in