ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ТРУДОВИ ВО МЕЃУНАРОДНОТО НАУЧНО СПИСАНИЕ „ВОСПИТАНИЕ“

2017-06-13

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ТРУДОВИ

ВО МЕЃУНАРОДНОТО НАУЧНО СПИСАНИЕ „ВОСПИТАНИЕ“

Почитувани,

Ве информираме дека продолжува објавувањето на списанието „Воспитание“ на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Од оваа година, списанието е со меѓународен карактер и продолжува со теми од образовните науки, теоријата и практиката.

Редакцијата, се определи да го редизајнира постојниот концепт давајќи му релативно нов композициски правец, по инвентивен, проширен и сеопфатен тематски регистер на прашањата и предизвиците што ги носи новото време.

Списанието Воспитание со својот најширок педагошки дискурс има интердисциплинарен карактер со тоа што имплицитно интегрира трудови од општествените, природните, хуманистичките и уметничките наставно-научни дисциплини, области и подрачја. Трудовите според тоа треба да актуелизираат голем број на теориски и емпириски проблеми, погледи, прашања, искуства и дилеми низ призмата на педагошката теорија и практика.

 Во секој случај се надеваме дека ова списание со својата концепциска и содржинска поставеност и натаму ќе внесува свежина, во педагошката теорија и истовремено  ќе нуди решенија за  проучување на педагошката практика.

 Истото ќе се објавува во печатена и во електронска форма со два броја годишно.

Повикот за првиот број на списанието е отворен до 01.09.2017 година.

Трудовите можете да го доставите на следните адреси:

kiril.barbareev@ugd.edu.mk

emilija.petrova@ugd.edu.mk

Editorial Board: http://js.ugd.edu.mk/index.php/vospitanie/about/editorialTeam

Упатство за подготовка на трудовите http://js.ugd.edu.mk/index.php/vospitanie/about/submissions

 

 

CALL FOR PAPERS

FOR THE INTERNATIONAL SCIENTIFIC JOURNAL "EDUCATION"

Dear Colleagues,

Please be informed that we continue publishing the journal "Education" at the Faculty of Educational Sciences - University "Goce Delcev" in Stip. This year, our journal has become international and it continues with topics relating to educational sciences, theory and practice.

The editorial board has decided to redesign the existing concept giving it a relatively new compositional direction in inventive, expanded and comprehensive thematic register issues and challenges emerging with the new age.

With its widest pedagogical discourse, the journal “Education” has an interdisciplinary character that implicitly integrates works belonging to humanities, social, natural, and art teaching and scientific disciplines, areas and fields. Therefore, papers should actualize a number of theoretical and empirical problems, views, issues, experiences and dilemmas through the prism of pedagogical theory and practice.

We hope that with its conceptual content and placement this journal will continue to bring in freshness into pedagogical theory and simultaneously offer solutions for the study of pedagogical practice.

The journal will be published in print and online, with two issues a year.

The call for the first issue of the journal is open until 01.09.2017.

The papers should be sent to the following e-mail addresses:

kiril.barbareev@ugd.edu.mk

emilija.petrova@ugd.edu.mk

Editorial Board: http://js.ugd.edu.mk/index.php/vospitanie/about/editorialTeam

Instructions for submissions http://js.ugd.edu.mk/index.php/vospitanie/about/submissions