Лесново - природна и културна дестинација за развој на руралниот туризам
Authors
Vladimir Kitanov
Abstract
Сместено во североисточниот дел на Република Македонија, во подножјето на Илински Врв, на надморска височина од 900 метри, се наоѓа селото Лесново. Тоа лежи во вдлабнатините и височините на изгаснатиот вулкански кратер, познат како Лесновски кратер, каде што се наоѓа на далеку познатиот Лесновски манастир. Лесново ѝ припаѓа на Општина Пробиштип и е оддалечен 15 километри од општинскиот центар, а 123 км од главниот град на Р. Македонија.