Современи тенденции во развојот на интелектуалното воспитание
Authors
Emilija Petrova Gjorgjeva
Abstract
Современите трендови и тенденции во развојот на интелектуалното воспитание во центарот на вниманието ги ставаат ученикот и наставникот. Во таа смисла, основно прашање кое се поставува е: како да се надмине состојбата во образованието која е насочена кон меморирање и помнење на факти и податоци од страна на учениците, а да се дојде до една поинаква ситуација во која ученикот ќе учи со откривање, истражување. Пред сè, се мисли на надминување на пасивната позиција на ученикот во наставниот процес и давање предност на активната улога на ученикот во воспитно-образовниот процес. Таа активна позиција претпоставува самостојно стекнување знаења, планирање, организирање и реализирање на сопствените активности. Освен улогата на ученикот, потребно е да се измени и улогата на наставникот. Имено, од дистрибутер на знаења тој треба да добие улога на водач и насочувач на наставата.