Наставни објекти
Abstract
Наставните објекти со опремата претставуваат материјална основа која е од примарно значење за работата на учениците и наставниците. Без разновиден и добро организиран систем на наставни објекти нема успешно учење, а во наставата не е можна примена на разновидни облици на работа. Под наставни објекти во потесна смисла подразбираме училиштен објект и училиштен двор со земјиште. Во поширока смисла ги подразбираме сите објекти надвор од училиштето во природата, општествената средина и секаде каде што може да се организира настава. Систем на наставни објекти во потесна смисла подразбираме сала за физичко образование, објект за општествени и природни науки, објект за техничко образование, објект за компјутерска настава, објект за ликовно образование, како и објект за музичко образование. Наставните објекти надвор од училиштето можат да се поделат на објекти кои се наоѓаат во општествената средина (музеј, галерија, театар, ателје) и оние кои се наоѓаат во природата (река, шуми, полиња, езерa итн.).References
Karlavaris B. (1991). Metodika likovnog odgoja 1. Rijeka Hoff BAur.
Stoll L. Fink. D (2000), Menjamo na skole, Zagreb Eduka.
Suchodolski B. (1988) Permanenentno obrazovawe i stvaralastvo, Zagreb; Skolske novine.
Турковиц 1975; Историја шест појмова, Београд, Нолит
Р. Архнајм (1968) Визуелно мислење, Универзитет уметности у Београд, Београд.
Б. Бабиќ и Белохлавек (1985) Ликовна култура, Завод за издавање уџбеника и наставна средства, Београд.
Jakubin Grguric (1996) Vizuelno-likovni odgoj i obrazovanje, Eduka, Zagreb.
A. Majl (1968) Kreativnost u nastavi, Svijetlost, Sarajevo.