Карактеристики и видови на толкување

  • Jadranka Todevska

Abstract

Толкувањето е усно преведување од еден на друг јазик. Толкувањето и преведувањето се апсолутно неделиви. Ќе се тргне од преведување и ќе се стигне до толкување. Ние учиме за преведување и толкување по смисла - слободен превод, слободно толкување – доследно на оригиналот. Објаснувањата како точен или верен превод не се многу прецизни. Верен кому? На авторот, на слушателот или на вториот читател. Кој е прв читател? Преведувачот! Најважен за толкувањето е XX век. Тогаш се поставени темелите на науката за толкување. Во тој период започнува многу интензивна комуникација, затоа што се појавува потребата од размена на идеи, мисли, да се најдеме себеси во однос на другите. Постојат повеќе теории за толкувањето, одредени се занимаваат со опишување, а други даваат насоки во кој правец да се оди за да се дојде до поуспешно пренесување на пораката.
Published
2013-04-17