Повторно поврзување на детскиот свет со светот на природата

Authors

  • Senzana Stavreva-Veselinovska

Abstract

Во поголемиот дел од човековото постоење, децата поминувалепоголемиот дел од нивното детство надвор во природа, поврзувајќи сесо природата и истражувајќи ги полињата, ливадите и пределите коисе блиску до нивните домови. За време на втората половина на 20 век,детската околина за многу краток период стана премногу урбанизирана.Децата сега поминуваат скоро триесет часа неделно пред телевизор иликомпјутер, слушаат нешто преку слушалки или пак постарите деца користатмобилни телефони или медиа плеери. Ние со години на технологијата смеи приоѓале само од една страна. Сме се восхитувале на епохални изуми коиго поттиснувале човечкиот труд од непосредниот процес на производство,нарекувајќи го тоа хуманизација на работата. Многу подоцна, понекогаши предоцна, откривме дека технолошкиот прагматизам ги загрозувапотенцијалните изворите и смислата на животот во локалната срединаи во планетарни размери. Но за тоа не е виновна технологијата, тукуначинот на кој ја користиме и целите кои и ги поставуваме. Технолошкиотизум на машината ѝ дава моќ, а од непосредните оператори се очекува да ивдахне разум. Затоа во трудот се презентираат последиците од разорнатамоќ и „задоцнетиот ум” на планетата Земја. Потенцирам, не со намера дасе елиминира технологијата, туку да се усклади со одржливиот развој, несо намера да се обвини машината, туку со амбиција разумниот живот дасе прошири од борба за опстанок на видот во настојување за опстанок наживотната средина и не со намера да се враќаме во дивината туку да одимекон остварување на жител на планетата.

Downloads

Published

2013-10-24