Образовната политика и осврт кон образовните постигнувања по етичката основа во Република Македонија
Abstract
Република Македонија како мултиетничка, мултикултурна имултиконфесионална држава, преку својата легислатива им обезбедуваостварување, како на индивидуалните така и на колективните права наетничките заедници. Во тој корпус на етнички права спаѓа и правото наобразование на етничките заедници. Но, и покрај тоа што легислативатануди нормални предуслови за образование на етничките заедници, во РМпонатаму нема нивна задоволителна вклученост во образовниот системи онаму каде што се застапени, нивните постигнувања се на многу нискониво. Оттука се појави инспирацијата и идејата за изработка на труд, соцел, да се укаже на постојните разлики во образовните постигнувања кајучениците по етничка основа како и комплетно да се посочат факторитекои влијаат врз нивните образовни постигнувања.Една од стратешките определби врзани со развојот на нашатаземја е подигнувањето на образовното ниво на населението, особенона децата и младите. Формирањето на една здрава личност која ќе бидеспособна целосно да се вклопи во општествените односи, а со тоа и даго оствари правото за работа. Еден од главните фактори од кои зависиправилниот развој на поединецот е образовниот систем. Колку степенотна едуцираност на поединецот е поголем, толку е полесно неговотовклoпување во современите текови на општествениот живот и многуполесно наоѓа работа на пазарот на трудот. Едукацијата претставуваедно од најмоќните оружја за остварувањата на правата на поединецот,посебно на припадниците на етничките заедници. Колку една личност епоедуцирана, толку зазема повисоки позиции во општествената скала.Downloads
Published
2013-10-24
Issue
Section
Articles