Ставови на студентите од студиската програма Биологија од Факултетот за природни и технички науки за својата практична оспособеност за реализирање на настава по Биологија во деветгодишното основно образование
Abstract
Значаен сегмент во практичното оспособување на студентите – идни наставници, покрај професионалната пракса, секако се и часовите по методика на практичната настава по предметот кој се изучува во училишната настава – т.н практично предавање. Спектарот на знаењата и вештините кои треба студентите – идни наставници да ги поседуваат е широк и комплексен и би требало да се овозможи ефикасно и успешно реализирање на наставата по предметот Биологија. Според педагошко – психолошките предмети кои се изучуваат во текот на седмиот и осмиот семестар, за нивно професионално оспособување најзначајни се Методика на наставата по Биологија 1 и Методика на наставата по Биологија 2 во четврта година студии.
Целта на овој труд е да се изврши квантитативна анализа на ставовите и мислењата на редовните студенти во четврта година на студиите по Биологија на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот “Гоце Делчев“ во Штип. Анкетирани се 15 студенти, а во истражувањето се користени описни и аналитички методи и резултатите се статистички обработени.
