Сеизмичко истражување на геолошка средина со рефракциона метода

  • Marjan Boskov
  • Krsto Blazev
  • Blagoj Delipetrev
  • Trajan Sholdov
  • Goran Aleksovski

Abstract

Во научниот труд се разработуваат примената и апликативноста насеизмичките методи за геолошки испитани и релативно познати средини,со цел да се определи нивната прецизност и ефективност. Сеизмичкитеметоди ја испитуваат потповршинската структура на истражниот просторпреку определување на брзините на простирање на еластичните брановиниз геолошките структури.Поради хоризонталната наслоеност (без појава на вертикални раседи)на геолошката струкура во истражниот простор, како и адекватнитегеомеханички карактеристики на геолошките средини (секој подлабокслој има поголема брзина на простирање на еластичните бранови одпретходниот) во научниот труд е обработена постапката на применаи интерпретација на рефрактивната сеизмичка метода. Геолошкиотпростор кој е истражуван претставува една профилна линија составена одвкупно две истражни дупнатини со вкупна должина од 60 m. Должината нарефрактивните профили, нивната бројка, како и начинот на преклопувањена истражната средина зависи од наслоеноста на земјиштето, длабочинатана испитување, како и геомеханичките карактеристики.Длабочината на испитување зависи од оддалеченоста помеѓу извороти рецепторот на еластичните бранови и е еднаква на една половинаод тоа растојание. Истражниот простор се испитува до длабочина од30 m, па според тоа рефрактивните профили се со должина од по 60m. Со цел детално да се истражи истражниот простор се изработенивкупно три рефрактивни модели кои се преклопуваат на три четвртиниод својата должина. Геомеханичките карактеристики на геолошкитесредини се добиени преку директни лабораториски испитувања, а прекунив за секоја геолошка средина се определува брзината на простирање на лонгитудиналните Р и трансверзалните S еластични бранови. Порадинедостаток на теренски испитувања, рефрактивните профили се изработенисинтетички врз основа на геолошките и геомеханичките податоци. Прекуинтерпретацијата на рефрактивните методи се определува бројот наразлични геолошки средини, брзината на простирање на еластичнитебранови, а преку t0 методата и длабочината до секоја гранична површинакоја одделува две различни геолошки средини.
Published
Feb 5, 2016
How to Cite
BOSKOV, Marjan et al. Сеизмичко истражување на геолошка средина со рефракциона метода. Natural Resources and Technology, [S.l.], v. 9, n. 9, feb. 2016. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/1277>. Date accessed: 17 oct. 2019.

Most read articles by the same author(s)