Корелација помеѓу геоелектрично сондирање и картирање при дефинирање на геомеханички параметри
Abstract
Со цел да се добијат поконкретни и поточни податоци примоделирањето на потповршинската структура на испитуваната срединапри користење на геофизички испитувања, доколку дозволувааттеренските услови потребно е да се применат повеќе геофизички методи.Во овој научен труд е обработена употребата на геоелектричните методина сондирање и картирање, како и нивната ефикасност при определувањена потповршинската градба на геолошки комплекс со хоризонаталнонаслојување на рудното тело. Геоелектричните испитувања ја моделираатсредината преку регистрирање на промените врз електричното поле коизависат од спроводливоста на геолошките средини.Параметрите на истражниот простор (наслоеноста, спроводливоста,геомеханичките карактеристики на геолошките средини, како и длабочинатана испитување) кој е обработен во научниот труд овозможуваат прифатливиуслови за примена на методата на геоелектрично сондирање. Присуствотона вертикален расед во геолошкиот комплекс е индикатор за употреба наметодата на картирање. Геоелектричните методи се интерпретираат прекуелектричниот отпор кој го манифестира геолошкиот комплекс на даденадлабочина. Различните геолошки средини се определуваат при корелацијана интерпретираните вредности со спроводливите карактеристики нагеолошките структури.Како завршна фаза од моделирањето во научниот труд се изработувакорелација помеѓу двата добиени модели и геолошките истражувања.Добиените резултати се споредуваат и интерполираат, со цел поединечнои заедно да се определи прецизноста и ефективноста на двете методи.Downloads
Download data is not yet available.
References
. А.А Никитина (1984) Комплексирование методов разведочной геофизики
. J.J.Jakosky (1960) Geofizička Istraživanja
. Šandor Slimak (1996) Inženjerska geofizika
. Loke, M.H. The inversion of two – dimensional resistivity data. Phd thesis university of Birmingham, UK. (1994)
Published
2016-02-05
How to Cite
Sholdov, T., Delipetrev, M., Manevski, V., Slavkovski, G., & Aleksovski, G. (2016). Корелација помеѓу геоелектрично сондирање и картирање при дефинирање на геомеханички параметри. Natural Resources and Technology, 9(9). Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/1276
Section
Article