Комплексна интерпретација помеѓу сеизмичка рефракција и геоелектрично сондирање
Abstract
Со цел да се добијат поконкретни и поточни податоци примоделирањето на потповршинската структура на испитуваната средина прикористење на геофизички испитувања, доколку дозволуваат теренскитеуслови потребно е да се применат повеќе геофизички методи. Во овојнаучен труд ќе биде обработена постапката на комплексна интерпретацијана сеизмички и геоелектричен модел. Сеизмичкиот модел ја моделирагеолошката структурата преку определување на брзините на простирањена еластичните бранови кои зависат од геомеханичките карактеристикина средините. Геоелектричниот модел ја моделира средината прекурегистрирање на промените врз електричното поле кои зависат одспроводливоста на геолошките средини. Зависно од теренските условии цела на испитувањата многу е важно да се определат најадекватнитегеофизички методи.Параметрите на истражниот простор (наслоеноста, спроводливоста,геомеханичките карактеристики на геолошките средини, како идлабочината на испитување) кој е обработен во научниот трудовозможуваат прифатливи услови за примена на рефрактивната сеизмичкаметода и методата на геоелектрично сондирање. Рефрактивните моделикако и моделите на геоелектрично сондирање се изработени синтетичкипри употреба на податоците добиени при геолошки и геомеханичкииспитувања. При интерпретирање на рефрактивните профили сеопределуваат геолошките средини преку различните брзини на простирањена еластичните бранови, како и нивните гранични површини, додека пакпри интерпретација на моделот на привиден електричен отпор, различнитегеолошки средини се определуваат преку нивниот специфичен електриченотпор. Како завршна фаза од моделирањето во научниот труд се изработува корелација помеѓу двата добиени модели се споредуваат и интерполираатдобиените резултати, со цел да се добие поконкретна и попрецизна сликаза потповршинската структура на испитуваната средина.Downloads
Download data is not yet available.
References
. Tihomir Dragašević - Seizmićka istraživanja, Geofizićki institut, Beograd 1983
. Делипетров Т., Основи на геофизика, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, 2003
. Prem V.Sharma (2004) Environmental and engineering geophysics
. J.J.Jakosky (1960) Geofizička Istraživanja
Published
2016-02-05
How to Cite
Toshic, Z., Delipetrev, B., Delipetrev, M., Boshkov, M., & Sholdov, T. (2016). Комплексна интерпретација помеѓу сеизмичка рефракција и геоелектрично сондирање. Natural Resources and Technology, 9(9). Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/1275
Section
Article