Определување на примената и ефективноста на рефракциските профили добиени преку корелација со гео-механички податоци

  • Vladimir Manevski
  • Marjan Delipetrev

Abstract

Во научниот труд се разработува примената и апликативноста насеизмичките методи за геолошки испитани и релативно познати средини,со цел да се определи нивната прецизност и ефективност. Сеизмичкитеметоди ја испитуваат под површинската структура на истражниот просторпреку определување на брзините на простирање на еластичните брановиниз геолошките структури.Поради хоризонталната наслоеност (без појава на вертикални раседи)на геолошката струкура во истражниот простор како и адекватните гео– механички карактеристики на геолошките средини (секој подлабокслој има поголема брзина на простирање на еластичните бранови одпретходниот) во научниот труд е обработена постапката на применаи интерпретација на рефрактивната сеизмичка метода. Геолошкиотпростор кој е истражуван претставува една профилна линија составена одвкупно 5 истражни дупнатини со вкупна должина од 210 m. Должината нарефрактивните профили, нивната бројка како и начинот на преклопувањена истражната средина зависи од наслоеноста на земјиштето , длабочинатана испитување како и гео - механичките карактеристики.Длабочината на испитување зависи од оддалеченоста помеѓу извороти рецепторот на еластичните бранови и е еднаква на една половина одтоа растојание. Истражниот простор се испитува до длабочина од 30mпа според тоа рефрактивните профили се со должина од по 60m. Соцел да се покрие целата должина на истражниот простор изработени севкупно 4 рефрактивни профили кои се преклопуваат на секои 50m. Гео– механичките карактеристики на геолошките средини се добиени прекудиректни лабораториски испитувања а преку нив за секоја геолошка средина се определува брзината на простирање на лонгитудиналните Ри трансверзалните S еластични бранови. Поради недостаток на теренскииспитувања Рефрактивните профили се изработени синтетички врз основана геолошките и гео – механичките податоци. Преку интерпретацијатана рефрактивните методи се определува бројот на различни геолошкисредини, брзината на простирање на еластичните бранови, а преку t0методата и длабочината до секоја гранична површина која одделува дверазлични геолошки средини.

Downloads

Download data is not yet available.

References

John M. Reynolds – An Introduction to Applied and Environmental Geophysics, Reynolds Geo – Sciences Ltd, UK 1997;

Prem V. Sharma – Environmental and engineering geophysics, Emeritus Professor, Niels Bohr Institute University of Copenhagen, 1997;

Tihomir Dragašević - Seizmićka istraživanja, Geofizićki institut, Beograd 1983;

Published
2014-12-31
How to Cite
Manevski, V., & Delipetrev, M. (2014). Определување на примената и ефективноста на рефракциските профили добиени преку корелација со гео-механички податоци. Natural Resources and Technology, 8(8). Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/931

Most read articles by the same author(s)