Промени кај елементите во приносот на јачмен под влијание на ласерската светлина

  • Goce Vasilevski
  • Lupco Mihajlov
  • Dane Bosev

Abstract

Истражувањата се вршени со одгледуваwе на пролетен јачмен,
заради утврдуваwе на ефектите од ласерската стимулација на семенскиот
материјал, врз елементите на приносот кај јачменот.
Опитите беа поставени според методот на случаен блок систем, на
површините на ,, 14-ти Септември,, Д.О.О.-Св. Николе, во текот на 1992 и
1993 година. Позитивните ефекти од предсеидбената ласерска
биостимулација, беа констатирани и во двете години.
Кај третираните варијанти, постигнато е зголемуваwе на бројот на
стеблата на м2 до 16.3%, бројот на класови на м2 до 15.9%, должината на
стеблото до 8%, должината на класот до 13%, и бројот на зрна на клас до
9%, во споредба со контролата.
Published
Apr 23, 2013
How to Cite
VASILEVSKI, Goce; MIHAJLOV, Lupco; BOSEV, Dane. Промени кај елементите во приносот на јачмен под влијание на ласерската светлина. Journal of Agriculture and Plant Sciences, [S.l.], p. pp.46, apr. 2013. ISSN 2545-4455. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFA/article/view/314>. Date accessed: 29 mar. 2020.

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>