Влиание на ласерската светлина врз почетниот развој на австралиската форма афион

  • Goce Vasilevski
  • Dane Bosev
  • Goran Garevski
  • Ljupco Mihajlov

Abstract

Во овие истражувања е анализирано дејството на ласерската светлина врз почетниот развој на афионот. Третирано е семе од австралиската форма афион, која се одликува со повисок % на морфин, во однос на домашните популации. Третирањето е извршено со различни дози на ласерска светлина и при еднакви услови, при што е добиено зголемување на енергијата на ртење за 2,29%, а на вкупната ртливост за 2,25% во споредба со контролата. Покрај овие параметри испитувани се и должината на коренчето, каде е добиено зголемување од 32.79%, како и должината на стебленцето каде зголемувањето во однос на контролата изнесува 42,18%. Од сите варијанти на ласерската обработка на семето, највисоки вредности се добиени кај ласерската варијанта Л4 . Како резултат на добиените подобрувања кај испитуваните параметри, може да се заклучи дека ласерската обработка на семето има позитивно влијание врз почетниот развој кај австралиската форма афион.
Published
2013-04-23

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 > >>