СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ИНФОРМАЦИИ - КВАЛИТЕТНА АЛАТКА ЗА ЕФЕКТИВЕН ПЕРФОМАНС НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА

  • Blagica Koleva
  • Olivera Gjorgieva-Trajkovska
  • Emilija Miteva-Kacarski

Abstract

Сметководството е значаен извор на информации, а финансиските информации се важни за донесување одлуки од страна на корисниците на тие информации. Сметководствените информации не служат само кај донесување на деловни одлуки, нивната функција е повеќенасочна, комплексна, каде меѓу останатото се јавуваат и како поддршка за изработка на деловни планови на претпријатијата. Деловниот план на претпријатијата се темели на управувачки извештај на претпријатието кое го дефинира главниот менаџмент, а се изработува во управувачко сметководство на организацијата. Составните делови на успешното управувачко сметководство се темелат на планирање и контрола, сметководствената евиденција и финансиското известување се однесуваат како примарен извор на податоци кои се користат во планирање, контрола и анализа на секое современо претпријатие денес. Значајноста на овие информации, односно вредноста на самите информации е неопходно да се огледа токму во процесот на кој менаџментот ги спроведува корективните дејности при отстапување од планираното. За да се обезбеди ефективно функционирање на сметководствениот информациски систем и сигурните сметковдствени информации, во сметководствениот информациски систем денес се имплементираат ефективни техники и контролни постапки. Најважниот облик е ревизија, анализа на сметководствените информации. Сепак, процесот на деловно одлучување е сложен процес кој започнува со основна фаза на собирање на релевантни инфромации, каде повеќе од јасно е дека неквалитетните и невалидни инфромации најчесто доведуваат до неефективно донесени одлуки и негативен перформанс на претпријатијата. Токму затоа, подолу имплементираниот труд ќе го насочи своето истражување кон разјаснување на значајноста на сметководствените инфромации, како и влијанието на истите врз финансискиот и воопшто деловниот перформанс на македонските претпријатија во турбулентното деловно опкружување денес.

Published
Oct 7, 2019
How to Cite
KOLEVA, Blagica; GJORGIEVA-TRAJKOVSKA, Olivera; MITEVA-KACARSKI, Emilija. СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ИНФОРМАЦИИ - КВАЛИТЕТНА АЛАТКА ЗА ЕФЕКТИВЕН ПЕРФОМАНС НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА. Yearbook - Faculty of Economics, [S.l.], v. 17, p. 65-76, oct. 2019. ISSN 1857- 8632. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/3269>. Date accessed: 16 oct. 2019.
Section
Articles