СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ИНФОРМАЦИИ - КВАЛИТЕТНА АЛАТКА ЗА ЕФЕКТИВЕН ПЕРФОМАНС НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА

  • Blagica Koleva
  • Olivera Gjorgieva-Trajkovska
  • Emilija Miteva-Kacarski

Abstract

Сметководството е значаен извор на информации, а финансиските информации се важни за донесување одлуки од страна на корисниците на тие информации. Сметководствените информации не служат само кај донесување на деловни одлуки, нивната функција е повеќенасочна, комплексна, каде меѓу останатото се јавуваат и како поддршка за изработка на деловни планови на претпријатијата. Деловниот план на претпријатијата се темели на управувачки извештај на претпријатието кое го дефинира главниот менаџмент, а се изработува во управувачко сметководство на организацијата. Составните делови на успешното управувачко сметководство се темелат на планирање и контрола, сметководствената евиденција и финансиското известување се однесуваат како примарен извор на податоци кои се користат во планирање, контрола и анализа на секое современо претпријатие денес. Значајноста на овие информации, односно вредноста на самите информации е неопходно да се огледа токму во процесот на кој менаџментот ги спроведува корективните дејности при отстапување од планираното. За да се обезбеди ефективно функционирање на сметководствениот информациски систем и сигурните сметковдствени информации, во сметководствениот информациски систем денес се имплементираат ефективни техники и контролни постапки. Најважниот облик е ревизија, анализа на сметководствените информации. Сепак, процесот на деловно одлучување е сложен процес кој започнува со основна фаза на собирање на релевантни инфромации, каде повеќе од јасно е дека неквалитетните и невалидни инфромации најчесто доведуваат до неефективно донесени одлуки и негативен перформанс на претпријатијата. Токму затоа, подолу имплементираниот труд ќе го насочи своето истражување кон разјаснување на значајноста на сметководствените инфромации, како и влијанието на истите врз финансискиот и воопшто деловниот перформанс на македонските претпријатија во турбулентното деловно опкружување денес.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2019-10-07
How to Cite
Koleva, B., Gjorgieva-Trajkovska, O., & Miteva-Kacarski, E. (2019). СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ИНФОРМАЦИИ - КВАЛИТЕТНА АЛАТКА ЗА ЕФЕКТИВЕН ПЕРФОМАНС НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА. Yearbook - Faculty of Economics, 17(1), 65-76. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/3269

Most read articles by the same author(s)

<< < 1 2 3 4 5 6 7 8 > >>