РАЗВОЈ НА СМЕТКОВОДСТВОТО
Keywords:
сметководство, двојно сметководство, дигитализација, сметководствени информациони системи, индустриска револуција, информациска технологијаAbstract
Сметководствените информации ги обезбедува сметководствениот информационен систем, кој како потсистем на информациониот систем на компанијата има големо значење и улога. Сметководството преку планирањето, контролата и анализата, како и преку компјутерската обработка на информациите, е еден од најважните инструменти за ефикасно управување со компаниите. Почетоците на сметководството датираат уште од античка Месопотамија (со почетоците на цивилизацијата), односно потребата за евиденција се јавила со појавата на писменоста и на „размената”, како и парите како средство за размена. Од тогаш, па до денес сметководството постојано еволуирало и се прилагодувало согласно тековните промени. Дел од предизвиците и потребите за развојот се обелоденети во овој труд. Сметководството како професија се развивало и претрпело промени, но темелите останале исти. Прилагодливоста, континуитетот, ажурноста и навременоста останале темел за развој на професијата до денешното ниво. Сите промени во општествениот поредок, формите на организациите, околностите, како и глобализацијата не успеале да ја разнишат сметководствената нишка, туку напротив таа секогаш нашла начин да го зацврсти нејзиното постоење. Целта на оваа анализа е да се разбере современиот свет на сметководството, но преку призмата на неговите почетоци кои датираат уште пред околу 10.000 години од нашата ера.